Селекцијата на Белгија ја забележа втората победа во фазата во групи совладувајќи ја репрезентацијата на Тунис (5-2) во втората рунда од Г групата.

„Црвените ѓаволи“ комплетно и целосно ја оправдаа фаворитската улога и со максимален скор после два натпревари го запоседнаа врвот во Г групата. Творци на победата беа Еден Азард и Ромелу Лукаку. Од белата точка Азард погоди за 1-0, Лукаку зголеми на 2-0. Тунижаните намалија на 2-1, а повторно на сцена стапија Лукаку и Азард кои реализираа за 3-1 односно 4-1. Во финишот Бачујаши зголеми на 5-1, а тужаните намалија на 5-2 за избегнување на висок пораз.

Втората рунда во Г групата ќе се комплетира со утрешниот дуел помеѓу Англија и Панама. Во третото коло Белгија во дербито ќе ги одмери силите со Англија, а Тунис ќе се сретне со Панама.

OhridNews