Селекцијата на Полска освои значајни бодови на табелата во мундијалските квалификации совладувајќи ја Црна Гора на гостински терен со 2-1 во петтата рунда.


Полјаците до триумфот стигнаа во 82-та минута со голот на Лукас Пишчек, но мечот го одбележа бравурозниот погодок на Роберт Левандовски од слободен удар во првиот дел за водство 1-0. Водството на гостите го анулираше Стефан Мугуша во 63-та минута.


Резултати:

Група Ц: Азербејџан – Германија 1-4, Сан Марино – Чешка 0-6, Северна Ирска – Норвешка 2-0.

Табела: Германија 15, Северна Ирска 10, Чешка 8, Азербејџан 7, Норвешка 3, Сан Марино 0.

Група Е: Ерменија – Казакстан 2-0, Црна Гора – Полска 1-2, Романија – Данска 0-0.

Табела: Полска 12, Црна Горан 7, Данска 7, Романија 6, Ерменија 6, Казакстан 2.

Група Ф: Англија – Литванија 2-0, Малта – Словачка 1-3, Шкотска – Словенија 1-0.

Табела: Англија 13,  Шкотска 10, Словачка 9, Словенија 7,Литванија 5, Малта 0.

OhridNews