Селекцијата домаќин на Мундијалот, Франција со убедлив триумф над Бразил 31-16 (17-7) ја започна одбраната на тронот во светскиот ракомет.


„Триколорите“ комплетно ја оправдаа улогата на фаворит во премиерниот натпревар од Мундијалот декласирајќи го Бразил во секој сегмент од играта.

Избраниците на Диние Динар демонстрираа атомски ракомет и на дело потврдија зошто се први фаворити за освојување, односно одбрана на трофејот.

Брилијатно издание на голот имаа Жерард и Омејер, а на висина од задачата беа сите играчи кои добија прилика за настап.

Првата рунда од А групата ќе се комплетира со мечевите Русија – Јапонија и Полска – Норвешка.

OhridNews