Без голови и без победник заврши дуелот меѓу Бразил и Мексико кој означи старт на втората рунда од групната фаза на Светското првенство.

Ако се провлекоа на мечот со Хрватска тоа неможеа да го направат против мексиканците кои одиграа одличен натпревар неутрализирајќи ги бразилските супер ѕвезди.
Бодот освоен во втората рунда е четврти на табелата за Бразил и Мексико и ја делат првата позиција. Втората рунда во групата А ќе се комплетира со мечот Хрватска – Камерун.
Во последната трета рунда од групната фаза домаќинот ќе се сретне со Камерун, а Мексико против Хрватска.
Мх.П.









