Првата виолина во бразилската селекцијата на Мундијалот, Нејмар ќе го пропушти полуфиналниот натпревар со Германија откако се повреди на дуелот со Колумбија во 1/4 финалето.
Грбот на Нејмар настрада по дуелот со Зунига кој безмилосно од позади го удри Бразилецот. Нејмар како покосен падна на теренот и ги шокираше бразилците кои стискаат за побрзо опоравување.
Без него драстично се намалуваат шансите на Бразил против Германија, но „кариоките“ имаат доста добри фудбалери кои можат да го покријат отсуството на Нејмар.
Мх.П.