На еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер на сите времиња Диего Марадона не му беше дозволено да влезе на „Маракана“ каде се играше натпреварот Аргентина – Босна и Херцеговина (2-1).
– Не ми дозволија да влезам на стадионот и да го гледам натпреварот. Затоа морав да се вратам в хотел и да го гледам вториот дел. Направив се што можев, но не ме пуштија – рекол Марадона.
Поранешниот селекторот на Аргентина на Мундијалот во Бразил работи како новинар за националната телевизија од Венецуала, а во неколку наврати го напаѓаше првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.
– Не сакам ни да помислам дека ова е некакво враќање за моите искажани зборови. Се надевам дека се ќе се среди и повторно ќе можам да ја гледам Аргентина од трибините – додал Марадона за анлгиски Гардијан.
Во втората рунда составот на „гаучосите“ ќе се судрат со Иран.
Мх.П.