Европскиот првак Франција се закити со бронзен медал на Мундобаскетот во Шпанија победувајќи ја Литванија во малото финале со 95-93.
Французите собраа сила и го преболеа поразот од србите во полуфиналето и го освоија бронзениот медал со што ја продолжија ризницата на трофеи.
Големото финале на Светското првенство е закажано за в недела во 21 часот, а ќе се сретнат селекциите на Америка и Србија.
Мх.П.