Селекцијата на Русија со убедлива победа (5-0) на Саудиска Арабија го отвори 21-то Светско првенство во фудбал. „Зборнајата“ два погодоци постигна во првиот дел, а три во вториот за ерупција од емоции на „Лужники“ стадионот.

– Ниту во најлудите соништа не би ми дошло ваков натпревар и победа на мојата селекција на стартот од Светското првенство. Акцијата за вториот погодок ја вежбавме за тренинг сесиите, а за мојот потег воопшто не размислував, така ми дојде и испадна најдобро што може. – рече најдобриот играч на натпреварот, Денис Черишев.

Селекторот на русите, Станислав Черчешов ја смири топката и не дозволи премногу еуфорија после воведниот триумф. – Мило ми е што ги израдувавме навивачите на стартот од Мундијалот. Пред мечот не чуствував воопшто притисок, а не сум премногу опуштен ниту сега после победата. Ги познавам моите играчи и нема да ги зафати еуфорија после една победа или пак некој стрес при непосакуван резултат. – изјави селекторот на русите.

Во втората рунда руската фудбалска репрезентација ќе се сретне со селекцијата на Египет кој во првото коло силите ќе ги одмери со Уругвај.

OhridNews

СП 2018: Домаќинот Русија убедлив на отворањето на Мундијалот (видео)