Една од најквалитетните селекции во сенка Чиле со победа над Австралија 3-1 во првата рунда целосно го оправда тој епитет.
„Црвено сините“ одлично го започнаа мечот постигнувајќи два погодоци преку Санчез и Валдивија. Мала надеж за „кенгурите“ донесе Кејхил, а печат на победа на Чиле стави Бесажур.
Покрај селекцијата на Чиле победа во првата рунда во групата Б забележа и Холандија која со 5-1 ја „преслуша“ Шпанија.
Во втората рунда ќе се сретнат Австралија – Холандија и Шпанија – Чиле.
Мх.П.