Репрезентацијата на Данска му нанесе тежок удар на Мундијалот во Германија, откако во една од осминафиналните пресметки го победи и елиминираше домаќинот од понатамошните мечеви совладувајќи го со 21-17 (11-7).

Данките предводени од добрата игра во одбрана подобро го отворија мечот и поведоа со 2-3 голови разлика. Германките дадоа се од себе, но до крајот на првиот дел не успеаја да најдат начин да ја пробијат данската одбрана и на одмор заминаа со минус четири (11-7)

Второто полувреме понуди изедначена игра, а таквиот развој на настаните одеше во прилот на данските ракометарки. Германија најмногу спушти до три голови негатива и тоа во финишот, но данките не дозволија пресврт и го спроведоа во мирен финиш натпреварот.

Данска во 1/4 финалето силите ќе ги одмери со Шведска која лесно и убедливо славеше против Словенија 33-21.

OhridNews