Селекциите на Бразил и Мексико се патници во првата елиминациска фаза на Мундијалот од А групата.
Во одлучувачкиот натпревар Мексико забележа убедлива победа над Хрватска 3-1 и го завери осминафиналниот пласман.
„Кариоките“ со триумф 4-1 против Камерун го „резервираа“ првото место во А групата.
Во осминафиналето домаќинот ќе се сретне против Чиле додека Мексико ќе ги одмери силите со Холандија.
Резултати : Хрватска – Мексико 1-3, Камерун – Бразил 1-4.
Табела : Бразил 7, Мексико 7, Хрватска 3, Камерун 0.
Мх.П.