Актуелниот освојувач на светската фудбалска круна Шпанија претрпе убедлив пораз 5-1 од Холандија во првата рунда од групата Б.
Со овој триумф „лалињата“ им се одмаздија на шпанците кои ги совладаа во финалето од Светското првенство010 година.
Ништо не наговестуваше ваков епилог по водечкиот погодок на Чаби Алонсо. Од тогаш избраниците на Луис ван Гал постигнаа пет погодоци и го торпедираа бранителот на трофејот.
Во втората рунда „фуријата“ ќе се вади против Австралија додека Холандија ќе се сретне со Чиле.
Мх.П.