Со мечевите од петтата рунда во Ц и Д групите завршувата првата фаза на Светското првенство во Франција.


Во двете групи ќе се бијат битки за пласман понатаму и за што подобра позиција на табелата.

Најинтересен меч ќе биде дуелот меѓу Германија и Хрватска во Ц групата од кој ќе зависи пласманот на водечката позиција.

Двојки:

Група Ц: Чиле – Саудиска Арабија (14ч), Германија – Хрватска (17:45ч), Белорусија – Унгарија (20:45ч)

Табела: Германија 8, Хрватска 8, Унгарија 4, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.

Група Д: Бахреин – Аргентина (14ч), Шведска – Египет (17:45ч), Катар – Данска (20:45ч)

Табела: Данска 8, Шведска 6, Египет 6, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.

OhridNews