Со мечевите од петтата рунда во А и Б групата започнува финалната разврска од првата етапа на Мундијалот во Франција.


Програмата започнува во 14 часот, а сите наши погледи ќе бидат вперени во натпреварот од 17:45 часот каде Македонија ќе ги одмери силите со Исланд.

Со победа или реми Македонија ќе ја зачува третата позиција на табелата и на мегдан во 1/8 финалето ќе оди најверојатно на Норвешка.

Двојки:

Група А: Русија – Бразил (14ч), Франција – Полска (17:45ч), Јапонија – Норвешка (20:45ч)

Табела: Франција 8, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.

Група Б: Тунис – Ангола (14ч), Македонија – Исланд (17:45ч), Шпанија – Словенија (20:45ч).

Табела: Шпанија 8, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 1.

OhridNews