Денешната програма на Светското првенство во Германија ќе понуди две четвртфинални пресметки по кои ќе бидат комплетирани полуфиналистите. Во фокусот сигурно ќе биде дуелот помеѓу Норвешка и Русија, додека интересен и неизвесен меч се очекува да биде средбата Чешка – Холандија.

Двојки: Чешка – Холандија (17:30ч), Норвешка – Русија (20:30ч).

Пласман во полуфиналето вчера обезбедија Шведска и Франција.

OhridNews