Светското првенство во Бразил влезе во последната фаза онаа каде селекциите прво ќе се борат за финале, а потоа за златниот медал во него.
Прв полуфинален натпревар на програмата е мечот меѓу земјата домаќин на Мундијалот и селекцијата на Германија.
На дуелот со германците „кариоките“ ќе настапат без Нејмар и капитенот Тијаго Силва кој заработи два жолти картони.
Германскиот состав нема такви проблеми и со сиот свој арсенал ќе го напаѓа финалето.
Мх.П.