Светската куќа на фудбалот (ФИФА) го суспендираше уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез девет натпревари на репрезентативно ниво и четири месеци општо од фудбалските терени.
Суарез на мечот од Д групата меѓу Уругвај и Италија го касна Џорџо Киелини, но никој не го забележа освен камерите што беше доволно за истрага која донесе лош епилог за напаѓачот и уругвајците.
Со оваа казна првенството во Бразил за фудбалерот на Ливерпул е завршено, а покрај тоа ќе мора да плати 100 илјади швајцарски франци.
Казната за Суарез е најголема изречена на едно Светско првенство. Претходно рекордер во оваа негативна категорија беше Мауро Тасоти кој беше суспендиран осум натпревари.
Мх.П.