Со два погодоци репрезентативецот на Колумбија, Џејмс Родригез им пресуди на селекцијата на Уругвај во 1/8 финалето од Светското првенство.

Фудбалерот на Монако мрежата на Уругвај ја тресеше по еднаш во два дела и стигна до петтиот погодок вкупно на Мундијалот.

Уругвајците кои неможеа да ја преболат суспензијата на Луис Суарез одиграа далеку под своите можности.

Во 1/4 финалето Колумбија ќе се сретне со Бразил кој претходно по пенал рулетот го елиминираше Чиле.

Мх.П.