Селекцијата домаќин на Мундијалот, Бразил по изведување на пеналите го совлада Чиле 3-2 (1-1) и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Херој на „кариоките“ во пенал серијата е голманот Жулио Цезар кој успеа да скроти два удари, а петтиот решавачки заврши во конструкцијата од голот.

За бразилците во пенал серијата успешно реализираа Давид Луиз, Марсело и Нејмар додека промашија Вилијан и Хулк. За чилеанците погодија само Радауз и Дијаз.

Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1 а погодоците ги постигнаа Давид Луиз односно Алексис Санчез во првото полувреме.

Во 1/4 финалето „кариоките“ ќе се сретнат со победникот од натпреварот Колумбија – Уругвај.

 

Мх.П.