По голема борба, многу возбудувања, пресврти и продолженија Норвешка со 28-25 (22-22, 12-10) ја совлада Хрватска во полуфиналето на Мундијалот во Франција.


Норвежаните во финалето на 25-то издание на Светското првенство ќе се сретнат со домаќинот Франција кој претходно во полуфиналето славеше против Словенија.

И „коцкастите“ беа блиску до финалето, но Хорват не реализираше пенал после завршување на регуларните шеесет минути и мечот отиде во продолжението.

Таму, норвежаните имаа повеќе храброст, квалитет и среќа и ја заграпчија шансата за пласман во финалето против Франција.

Двете селекции се сретнаа во групната фаза, „триколорите“ славеа, но во финалето в недела со почеток во 17:30 часот е нова и друга приказна.

OhridNews