Селекцијата домаќин на 21-то Светско првенство, Русија ја забележа втората победа во А групата, откако со 3-1 ја совлада репрезентацијата на Египет на почетокот од втората рунда во фазата по групи.

Победата над „фараоните“ на русите (ќе) им донесе пласман во нокаут фазата. Русија без учество во елиминациската фаза ќе останат ако загубат од Уругвај во третото коло, а Саудиска Арабија победата против Египет и Уругвај во втората рунда.

Првото полувреме мируваат мрежите во Санк Петерзбург, а сите возбудувања околу головите се случуваа во вториот дел. Во 47-та минута русите со помош од Ахмед Фати кој ја затресе сопствената мрежа. Сите дилеми околу победникот „зборнаја“ ги реши во трите минути кога Черишев погоди за 2-0, а Жуба за 3-0. Почесниот погодок на Египет беше дело на Мохамед Салах од белата точка.

Втората рунда во А групата ќе се комплетира со натпреварот помеѓу Саудиска Арабија и Уругвај.

OhridNews