Голманот на Вардар, Арпад Штербик и десниот бек, Хорхе Македа отпаднаа од составот на Шпанија, откако не го поминаа првиот рез во репрезентацијата од селекторот Жорди Рибера.
Штербик, воопшто нема да недостасува на голот од „црвена фурија“, бидејќи селекторот во репрезентација ги има голманот на Барселонам Перез де Варгас и Коралес од екипата на Висла Плок.
На десната бековска позиција ќе дејствуваат Алекс Душeбајев од македонскиот шампион Вардар и Едуардо Гурбиндо од Нант.
Селекцијата на Шпанија е еден од ривалите на Македонија во групата во која се наоѓаат уште Исланд, Словенија, Тунис и Ангола.
OhridNews