Најголемата ѕвезда на Камерун, Самуел Ето`o најави дека ќе го откаже своето учество на Мундиалот 2010 во ЈАР поради нападите на Роже Мила на негова адреса.
Љубимецот на фудбалските фанови во Камерун, Мила, кој блесна со игрите на светското првенство во Италија, во текот на 1990 година изјави дека напаѓачот на европскиот клубски шампион, Интер, не го дава максимумот за Камерун.
– Тој им донесе многу успеси на Барселона и на Интер но никогаш и на Камерун. Кај него има недостиг на дисциплина. Камерун чека реакција од него- рече легендарниот Мила.
Камерун се наоѓа во Е групата заедно со екипите на Холандија, Данска и Јапонија.










