Светското првенство во фудбал заврши за тројца судии, Германецот Феликс Брих, Холанѓанецот Бјорн Куиперс и Аргентинецот Нестор Питана.
Шефот на судиите во ФИФА, Масимо Бусака, бил приморан да ја донесе оваа одлука бидејќи нивните репрезентации избориле пласман во полуфиналето на Мундијалот. Инаку полуфинале избори и Бразил, но турнирот сеуште не завршил за бразилскиот судија Сандро Ричи.
Ричи е најголемиот фаворит да го суди финалето или мечот за третото место, во зависност од исходот на полуфиналниот натпревар помеѓу Бразил и Германија.
„Макфакс“