Селекцијата домаќин на 25-то Светско првенство во ракомет, Франција го освои златото откако во големот финале ја совлада Норвешка со 33-26 (18-17).
„Триколорите“ го исполнаа својот златен сон кој започна веднаш по добивањето на задачата да го организираат Мундијалот.
„Експертите“ одбраната на тронот во финалето го најавија во финишот од првиот дел кога со серија (5-1) ја анулираа предноста на норвежаните од три голови и на одмор заминаа со 18-17.
Како што го завршија првото полувреме, франзцузите го започнаа второто и продолжија да го „полнат“ голот на Белгерунд.
Водството од пет-шест голови домаќините го задржаа до финишот на мечот со добрата игра во одбрана предводена од голманот Жерард кој комплетно го замени Омејер.
Со триумфот на Мундијалот, Франција стигна до вкупно шестиот златен медал во историјата, додека Норвешка во своето прво учество во финалето мораше да се задоволи со сребренето одличје.
OhridNews