Селекцијата домаќин на Мундијалот, Франција и одржа час по модерен ракомет на Русија победувајќи ја во дербито од А групата со 35-24 (16-11).


„Триколорите“ на дело пред публиката во Нант покажаа што знаат и умеат, а русите неможеа ништо да направат против таква разиграна Франција.

Селекторот на Франција, Дидиер Динар им даде шанса на сите ракометари кои одговорија максимално на задачите за убедлива победа.

Резултати:

Група А: Норвешка – Бразил 39-26, Полска – Јапонија 26-25, Франција – Русија 35-24.

Табела: Франција 8, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0

Група Б: Словенија – Тунис 28-28, Ангола – Исланд 19-33

Табела: Словенија 7, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.

Група Ц: Германија – Саудиска Арабија 38-24

Табела: Хрватска 6, Германија 6, Унгарија 2, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија

Група Д: Катар – Аргентина 21-17

Табела: Данска 6, Шведска 4, Египет 4, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.

OhridNews