„Триколорите“ се наоѓаат на чекор од исполнување на својот златен сон, откако обезбедија пласман во финалето на Мундијалот кој се одржува токму во Франција.


Избраниците на Диние Динар носени од публиката во полуфиналето ја совладаа репрезентацијата на Словенија со 31-25 (15-12).

Словенците периодично се закануваа, но немаа сила за нешто повеќе против разиграната Франција која уште еднаш покажа зошто е фаворит број еден.

Франција во финалето ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален натпревар меѓу Хрватска – Норвешка, а поразениот ќе игра за бронзениот медал со Словенија.

OhridNews