Селекциите на Франција и Норвешка се првите кои обезбедија пласман во 1/2 финалето на Мундијалот кој се одржува во Франција.
„Триколорите“ меѓу најдобрите четири се пласираа со тешко извојувана победа над Шведска 33-30. „Викинзите“ имаа гол предност на полувремето (16-15), но не успеаја го задржат налетот од французите носени од домашната публика.
Репрезентацијата на Норвешка лесно се справи со Унгарија победувајќи ја со 31-28. Доброто прво полувреме им беше доволно на норвежаните за победа кое го добија со 17-10. Унгарците ја искористија опуштеноста во составот на Норвешка и на крајот со серија стигнаа до пристоен пораз.
Останатите патници во полуфиналето ќе се дознаат по мечевите Шпанија – Хрватска односно Словенија – Катар.
OhridNews