Репрезентацијата на Шпанија со најголемите ѕвезди во составот ќе допатува на мегдан во Скопје против селекцијата на Македонија во квалификациите за Мундијалот во Русија.

Селекторот на „црвената фурија“, Хулен Лопетеги беше на слатки маки да ги одбери играчите кои ќе го бранат грбот против Македонија на 11 јуни на „Телеком“ арената.

Шпанија дуелот со Македонија во шестата рунда ќе го започне од првата позиција на табелата, додека „црвено жолтите“ се наоѓаат на петтото место со една победа во пет мечеви.

Составот:

Голмани: Давид де Геа, Пепе Реина, Кепа Аризабалага

Одбрана: Цезар Аспликуета, Начо Монреал, Жорди Алба, Дани Карвахал, Начо Родригез, Серхио Рамос, Жерар Пике.

Среден ред: Серхи Роберто, Давид Силва, Асиер Иљарименди, Серхио Бускетс, Коке, Андрес Иниеста, Тијаго Алкантара, Иско, Марко Асенсио.

Напад: Педро Родригез, Иаго Аспас, Витоло, Алваро Мората, Диего Коста, Жерар Делофеу

OhridNews