Селекцијата на Германија ги запиша првите бодови во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија победувајќи ја Норвешка со високи 3-0.
Норвежаните пред своите гледачи се надеваа на позитивен резултат, но германците одново ја покажаа својата класа и им одржаа час по модерен фудбал на домаќините.
Само 16-ет минути им беа потребни на „панцирите“ да го скршат отпорот на норвежаните. Стрелец на првиот погодок беше Томас Милер. Пред крајот на првиот дел германците го дуплираа водството со голот на Џошуа Кимих. Конечните 3-0 ги постави Томас Милер со вториот погодокот на натпреварот.
Резултати: Чешка – Северна Ирска 0-0, Норвешка – Германија 0-3, Романија – Црна Гора 1-1, Малта – Шкотска 1-5.
OhridNews