Германската фудбалска репрезентација е новиот светски фудбалски владетел. „Панцирите“ ја совладаа Аргентина со 1-0 во фининалето на Мундијалот во Бразил по дополнителните триесет минути, откако регуларните деведесет завршија без победник 0-0 

Одлуката за новиот светски првак падна во продолжението, односно во 113-та минута кога Марио Геце ја погоди мрежата на Ромеро.


Германија на јубилејнито 20-то издание на Светското првенство ја освои четвртата титула и ја продолжија европската доминација во фудбалскиот свет по Шпанија и Италија. Победата на Германија е дотолку значајна, бидејќи таа е првата европка земја која триумфирала на американско тло.

Мх.П.