Германската спортска јавност е во транс по величенствената победа на репрезентацијата во полуфиналето на Мундијалот во Бразил. Германија, во првиот полуфинален меч на СП, во Бело Хоризонте, го декласира Бразил со 7-1.
„Седмо светско чудо“ е насловот во угледниот Франкфуртер алемајне цајтунг.
„Ова беше надреална и историска вечер во Бело Хоризонте, вечер која во историјата на германските настапи на СП-а ќе биде запишана како ниту едена друаг. Секако ова не беше финале. Но кога во полуфиналето на СП, домаќинот кој е петкатен светски првак ќе го декласирате со 7-1, можете да кажете дека сте направиле нешто неверојатно“.
Зидојче цајтунг, за херој на натпреварот го прогласи Тони Крос, за кого вели деке а „збир на Чави и Иниеста“.
„По асистенцијата за 1-0 ништо не беше како претходно. Бразил не беше Бразил, а Крос веќе не беше Крос, стана мешавина на Чави и Иниеста од нивните најдобри денови. Позади успешно одземаше топки, а во напад уште поуспешно ги делеше на соиграчите“.
Билд по традиција е подиректен во насловот: „Ви благодариме! Ве сакаме“.
„Денес е нашиот ден, напишавме утрово во Билд и тоа се оствари. Овој брилијантен настап на нашата селекција ќе влезе во историјата. Беше ова најголемата победа во историјата на полуфиналните мечеви, а никој толку брзо не стигна до 5-0. Беа тоа 18 минути кои вечно ќе се паметат“.
Штерн во „Најголемиот натпревар во германската историја“, вниманитето го става на еден детал кој се случил пред натпреварот.
„Во еден момент 50 минути пред мечот стадионот беше полупразен, тогаш на теренот излезе Мануел Нојер. Сеуште не беше во голманска опрема, имаше доволно време за тоа, но тој сакаше да ја почувствува атмосферата, да види што го очекува на трибините, играчите тоа чето го прават пред големите натпревари. Се прошета тивко по теренот, како азиски воин, а на лицето се забележуваше тензија каква ретко покажува. Изгледа се обидуваше да ја процени силата која ќе тргне кон него. Грмотевици се слушаа во далечината, но громот кој удри нешто подоцна ја потресе целата земја“.
Германија на 13.јули во финалниот меч ќе се бори за својата четврта титула на Мундијалите, третата ја освои пред 24 години во Италија, противник ќе и биде Холандија или Аргентина.
„Макфакс“