На вториот натпревар Франција – Хондурас од четвртиот ден на Мундијалот во Бразил гол технологијата беше на првиот посериозен испит. И го помина успешно.
Напачот на французите, Карим Бенземе шутираше кон голот на Хондурас од стативата топката се удри во телот на голманот и заврши позади линијата.
Технологијата „сигнализираше“ до судијата и тој го призна погодокот. По снимките се потврди дека технологијата е вистинскиот чекор на ФИФА.
Мх.П.