Репрезентацијата на Словенија го освои бронзеното одличје на Мундијалот во Франција совладувајќи ја Хрватска со фантастичен пресврт во финишот од натпреварот.


Сите честитки после малото финале отидоа за Веселин Вујовиќ кој минутата одмор во 50-та минута ја искористи за мотивационен говор, а не за тактички цели. Неговите зборови на тајмаутот ги отрезна и разбуди словенците кои во тој момент имаа негатива четири голови. До крајот на мечот „змајчеките“ ги послушаа зборовите на селекторот и изгинаа на теренот што им донесе бронза.


Третото место е најдобар пласман за словенците на Мундијалите, додека хрватите се имааат радувано на златото на СП во Португалија.

OhridNews