Селекцијата на Уругвај со погодокот на Хозе Хименез во 89-та минута го совлада Египет 1-0 и ги запиша првите бодови на табелата во А групата.
Уругвајците во последните 15-тина минути од натпреварот креираа неколку прилики за погодок, а целта ја погоди дефанзивецот на Атлетико Мадрид. Претходно, Едисон Кавани погоди статива, а Луис Суарез се сплетка кога требаше да го матира голманот на Египет.
Египќаните на премиерата на Мундијалот во Русија играа без Мохамед Салах кој се уште не ја залечил повредата на рамото добиена во финалето во Лигата на Шампиони.
Шанса за први бодови Египет ќе има во втората рунда против домаќинот Русија кој победи 5-0 на стартот од Мундијалот. Уругвај силите ќе ги одмери со Саудиска Арабија.
OhridNews