Селекцијата на Холандија е третиот патник во четвртфиналето на Мундијалот во Бразил победувајќи го Мексико 2-1.

Мексиканците има за што да жалат бидејќи до 88-та минута имаа резултат кој ги водеше во најдобрите осум.

Холанѓаните во таа минута преку Снајдер го изедначија резултатот, а со погодокот од пенал на Хунтелар во 93-та минута „лалиња“ го совладаа жилавиот Мексико.

Во 1/4 финалето „портокаловите“ ќе се сретнат со победникот од мечот Костарика – Грција.

Мх.П.