Бесот од незаслужениот пораз од Бразил на премиерата фудбалерите на Хрватска го истурија врз Камерун победувајќи со убедливи 4-0.
Два од погодоците постигна повратникот во селекцијата Марио Манџукиќ, а по еден реализираа Ивица Олиќ и Иван Перишиќ.
Со оваа победа „коцкастите“ ги вратија шансите за пласман во нокаут фазата, но за тоа ќе мораат да го совладаат Мексико во последната рунда од групната фаза.
Резулати : Камерун – Хрватска 0-4, Бразил – Мексоко 0-0.
Табела : Бразил 4, Мексико 4, Хрватска 3, Камерун 0.
Трето коло : Бразил – Камерун, Хрватска – Мексико
Мх.П.