Репрезентациите на Хрватска и Словенија им се придружија на Франција и Норвешка во полуфиналето на ракометниот Мундијал во Франција.


Хрватите по рововска и неизвесна битка со минимални 30-29 ја совладаа Шпанија. „Коцкастите“ водеа и со пет голови разлика, но на крајот трепераа за победата, вредна пласман во 1/2 финалето.

Избраниците на Веселин Вујовиќ поучени од претходниот меч на Катар со Германија влегоа мотивирано и решително. Тоа им донесе три голови на полувремето (18-15) и плус седум во текот на вториот дел (25-18). Во продолжението словенците се опуштија, а Катар го ублажи поразот (32-30).

Во полуфиналните средби силите ќе ги одмерат Хрватска – Норвешка односно Франција – Словенија.

OhridNews