Селекцијата на Хрватска и јавноста во земјата не можат да поверуваат каква шанса пропуштија за пласман во финалето на Мундијалот во Франција.
Хрватите претрпеа пораз 28-25 после дополнителните десет минути, откако регуларните шеесет завршија без победник 22-22. „Коцкастите“ поточно Хорват го имаше билетот за финале во свои раце, но не успеа да погоди од линијата за седум метри.
– Многу ми е тешко, но тоа е спортот и нема назад. Морам јас и екипата што побргу да го пребродиме овој пораз и да се насочиме со сите сили кон Словенија во борбата за бронзениот медал. Никогаш не сум немал ваква прилика да шутирам важен пенал и криво ми е што потклекнав пред притисокот. – изјави Хорват.
Хрватска вечерва во 20 часот и 45 минути во малото финале ќе се сретне со Словенија која претходно изгуби од Франција во полуфиналето.
OhridNews