По Бразил, Холандија, Германија и Аргентина се „испоти“ за пласман меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство.
Победа 1-0 по дополнителни триесет минути „гаучосите“ забележаа над Швајцарија која скапо ја продаде кожата во осминафиналниот дуел.
Индивидуалност на капитенот Лионел Меси и ладнокрвноста на Анхел Ди Марија во 118-та минута им донесе водство кое значеше конечен триумф.
Во 1/4 финалето Аргентина ќе се сретне со победникот од последниот осминафинален натпревар Белгија – Америка.
Мх.П.