Селекцијата на Португалија е нова европска репрезентација која натпреварите на Мундијалот ги заврши во групната фаза.
Од групата Г во осминафиналето патуваат Германија како првопласирана и Америка како вторпласирана.
Во последното коло од групата Португалија ја совлада Гана со 2-1, но победата беше пирова. „Панцирите“ првата позиција зациментираа со победата над Америка 1-0.
Резултати : Америка – Германија 0-1, Португалија – Гана 2-1.
Табела : Германија 7, Америка 4, Португалија 4, Гана 1.
Мх.П.