Историјата која не им оди во прилог на светски шампиони се повтори и на овогодинешниот Мундијал во Бразил.
Селекцијата на Шпанија ја осети горчливата страна на трофејот од Светските првенства откако доживеа елиминација по само два одиграни натпревари во групата.
Претходно такво лошо искуство имаше Франција која во 2002 година не само што не успеа да ја мине групата туку не успеа да постигне погодок во трите натпревари од групната фаза.
Слична судбина имаа и „азурите“ кои во 2006 година по четврти пат го покорија светот, а четири години подоцна не се прославија на Мундијалот во Африка.
По овие факти репрезентацијата што ќе биде првак на СП во Бразил ќе доживеа дебакл на Мундијалот кој ќе се одржи во Русија за четири години.
Мх.П.