Аргентинците по дополнителните триесет минути успеаја да ја совладаат Швајцарија (1-0) во 1/8 финалето и да се пласираат меѓу најдобрите осум селекции во светот.

– Чуден многу чуден и исцрпувачки натпревар одигравме двете селекции. Играта на топка многу не истроши и чиста среќа беше што победивме пред изведување на пеналите. Имаме неколку денови да се регенерираме и се фокусираме кон новиот противник – рече селекторот на аргентинците Алехандро Сабелја.

Противник на „гаучосите“ во 1/4 финалето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Белгија – Америка.

Мх.П.