Водечките селекции во Г групата Шпанија и Италија забележаа сигурни победи во петтата рунда совладувајќи ги Израел (4-1) односно Албанија (2-0).


„Црвената фурија“ постигна по два погодоци во двете полувремиња и лесно се справија со Израел, додека „азурите“ во меч со многу прекини со головите на Де Роси и Имобиле ја срушија Албанија.

Селекцијата на Србија во Д групата се вратија на врвот по триумфот со пресврт над Грузија 3-1. Предноста на домаќините ја анулираше Тадиќ од пенал, а за победа погодија Митровиќ и Гачиновиќ.


Резултати:

Група Д: Грузија – Србија 1-3, Австрија – Молдавија 1-0, Република Ирска – Велс 0-0.

Табела: Србија 11, Република Ирска 11, Велс 7, Австрија 7, Грузија 2, Молдавија 1.

Група Г: Лихтештајн – Македонија 0-3, Шпанија – Израел 4-1, Италија – Албанија 2-0.

Табела: Шпанија 13, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3, Лихтештајн 0.

Група И: Турција – Финска 2-0, Хрватска – Украина 1-0, Косово – Исланд 1-2.

Табела: Хрватска 13, Исланд 10, Украина 8, Турција 8, Финска 1, Косов 1.

СП: Македонија убедлива против Лихтенштајн (видео)

OhridNews