Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез беше клучна фигура во победата на неговата селекцијата над Англија 2-1 во втората рунда.

Тој ги постигна двата погодоци и ја доведе репрезентацијата на Англија на работ од бездната односно елиминација од СП.

По завршување на мечот Суарез го тешеше капитенот на „лавовите“ Стивен Џерард, кој беше главен виновник за вториот погодок во мрежата на Харт.

Потоа на својот твитер профил Суарез постави видео на кој се гледа дека рони солзи по победата која ги остави во живот амбициите на Уругвај.

Мх.П.