Една од најдобрите афрички земји Камерун доживеа тотално фијаско на Светското првенство во Бразил губејќи ги шансите за пласман во 1/8 финалето по само два одиграни натпревари.

Дното камерунскиот репрезентативен фудбал го допре на мечот со хрватите кога двајца репрезентативци од Камерун се обидоа да се пресметаат на теренот.

Претходно фудбалерот на Барселона, Алекс Сонг, кој со Самуел Ето требаше да бидат лидери со боксерски удар го закачи Манџукиќ по кој заработи директен црвен картон.

Кога на сево ова ќе се додаде „одам-не одам“ на репрезентативците од Камерун по неисплатените плати пред Мундијалот „црните ѕвезди“ ќе сакаат што побрзо да го заборават Мундијалот во Бразил.

Мх.П.