Француската репрезентација очекувано и заслужено го освои златото на Мундијалот, но за да има изненадувања се погрижи Светската куќа на ракометот (ИХФ) која го изостави Кирил Лазаров од идеалниот тим.


За потсетување, капитенот на Македонија, Лазаров со педесет голови во шест натпревари се закити со наградата за најдобар стрелец, но тоа не беше доволно да биде меѓу седумте најдобри на турнирот.


На десната бековска позиција се наоѓа Недим Ремили кој делеше минутажата со Дипанда во селекцијата на Франција. Местото негово е заслужено, но сигурно не пред Лазаров кој брилираше на Мундијалот во Франција.

Наградата за најдобар играч на СП му припадна на Никола Карабатиќ, а во идеалниот тим се наоѓаат три играчи од Норвешка, два од Франција и по еден од Хрватска и Шведска.


Идеалниот тим:

Голман: Винсент Жерар (Франција)

Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Норвешка)

Десен бек: Недим Ремили (Франција)

Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)

Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Лево крило: Џери Толбринг (Шведска)

Пикер: Бјарте Мирхол (Норвешка)

OhridNews

Кирил Лазаров крал на голгетерите на СП во Франција !