Четирикратниот првак на светот Италија доживеа фијаско на Мундијалот во Бразил завршувајќи ги натпреварите во групи.
После ваков епилог логично беше селекторот на „азурите“ да си поднесе оставка, а тоа и го направи.
Но, ден после заминувањето од италијанското селекторско столче не Прандели туку италијанските медиуми дека една од причините покрај неуспехот била караницата на Марио Балотели.
На дуелот со Уругвај кој за „азурите“ беше одлучувачки Прандели во првиот дел го повикал црномурестиот фудбалер и го искарал за неговата игра.
„Супер марио“ продолжил да си тера по свое, а Прандели во паузата од двете полувремиња го испратил на туширање што наидело на остри реакции кај Балотели.
Да бидат тврдењата на италијанските медиуми точни се погрижи Даниеле де Роси кој после поразот од Уругвај рече дека треба играчите да играат, а на де се фолираат на теренот и да бидат топ тема на социјалните мрежи.
Мх.П.