Репрезентацијата на Австрија ќе го пречека петкратниот првак Бразил во последниот меч пред Светското фудбалско првенство во Русија.
Домаќините имаат улога да ја глумат селекцијата на Костарика против која „кариоките” ќе се сретнат во втората рунда од Мундијалот.
– Системот кој го игра Австрија е сличен со оној на Костарика, па зато одлучивме генералката да ја одиграме во Виена – рече на пресконфернецијата помошникот Силвињо.
Само пред неколку дена Хрватска ја „глумеше” Србиија, а мечот остана запаметен по успешното враќање на терените по повредата на Нејмар. Сите погледи ќе бидат свртени кон супер звездата кој треба да го предводи составот на Тите до рекордната 6. титула на Мундијалите.
М.П.