Репрезентација на Колумбија ги прокнижи првите три бодови на Мундијалот совладувајќи ја Грција со „чисти“ 3-0.
Уште во шестата минута „домаќините“ со погодокот на Алмеро го отворија резултатот. Преднсота ја дуплираше Гутиерез во 58-та минута, а точка на мечот стави Џејмс Родригез во судиското продолжение.
Во вториот натпревар од Групата Ц ќе се сретнат репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска и Јапонија во три после полноќ.
Мх.П.